Ако се сомневате дека вашето дете има овчи сипаници, известете го вашиот педијатар.
Кога ќе се потврди дека се работи за овчи сипаници, многу е важно да ги известите во градинката или училиштето, а детето да остане дома уште најмалку пет дена по избивање на последната сипаница; детето до тогаш е инфективно.
Кај овчите сипаници лекарите препорачуваат туширање со млака вода 2 до 3 пати дневно. На тој начин се разладува кожата и последователно се намалува јадежот. По туширањето, со пешкир нежно само впијте ги капките вода од кожата, внимателно со цел да не ги дупнете пликовите и да доведете до појава на лузни. Бањање и потопување во када не се препорачува.
Особено внимавајте при нега на пеленскиот дел кај бебињата ако сеуште носат пелени. Дополнителната влажност го забрзува размножувањето на бактериите и го успорува сушењето на пликовите.
Иако вообичаено овчите сипаници поминуват без поголеми проблеми, сепак постои одреден степен на ризик болеста да се искомплицира. Најчеста е инфекцијата на кожата и поткожното ткиво. Освен црвена, топла и на допир болна кожа, кај детето можат да се јават и други симптоми на инфекција: покачена телесна температура, главоболка, лошо расположение и губење на апетитот.
Ако приметите било кој од овие симптоми, не чекајте, туку веднаш јавете се на лекар:
Болките или лошото расположение никако не смеете да ги ублажувате со лекови на база на ацетилсалицилна киселина затоа што може да предизвика Рејев синдром, кој има негативни последици на мозокот и црниот дроб. Доколку високата температура е присутна неколку дена, обратете се на лекар. Ако детето е поспано и покрај тоа што многу спие, посоветувајте се со лекар.